Шипката е плод со пријатно киселкаст вкус. Десет пати е побогат со витамин С од лимонот, сто и дваесет пати од портокалот. Шипката изобилува со витамини P, A, B2, PP, K. Има уште и флавоноиди, танин, лимонова и јаболкова киселина, пектин...
Состојките од плодот од шипка придонесуваат за општото здравје на организмот, особено за зголемуваат отпорноста. Вистински борец е против слободните радикали. Лековитоста на шипката или дивата роза е позната од дамнина. За тоа сведочат рецептите за подготовка на џемови и мармалади од 17. век.
Токму тоа беше повод шипката заслужено да добие свое место во „Bellitzа“ програмата. Одгледувана во заштитен простор и преработена во мармалада со совршена конзистенција, претставува вистински специјалитет за сите возрасти.