Ефекти
Високозаштитно млеко за тело кое обезбедува најнежно чувство на интензивна заштита. Ја штити кожата од штетните UVA и UVB сончеви зраци. Го спречува дејството на слободните радикали и забрзаното стареење на кожата. Содржи природни, минерални пигменти кои го спречуваат настанувањето на црвенило, изгореници и флеки. Погодно е за сите типови кожа и се препорачува за нега и заштита на осетливата детска кожа. Во неговиот состав влегуваат: хидролат од лаванда, маслиново масло, пчелин восок, масло од морков, масло од лаванда, пантенол, биофлавоноиди, β каротен, витамин E, про-витамин A, B1, B2. Идеална заштита од сонце, за луѓе со помалку пигмент, или при повисок интензитет на сончево зрачење.
Користење
Млекото да се нанесе на цело тело со благо масирање, во оптимална количина, половина час пред изложување на сонце, периодично во текот на денот, после капење или бришење со пешкир.