Ефекти
Сочинета од избрани лековити билки – гавез, невен, коњско опавче, кантарион, рузмарин, мајчина душица и зелена глина. Го стимулира и поттикнува регенеративниот механизам на кожата, овозможувајќи опоравување на клетките оштетени како последица на негативните влијанија на кои се изложени во текот на целиот ден. Има благотворно дејство врз лузните и оштетувањата. Ја подобрува циркулацијата и на кожата ѝ го враќа младешкиот изглед. Овој производ идеално ја третира заморената и оштетена кожа.
Користење
Еднаш до два пати седмично, непосредно пред нанесувањето измешајте две лажички маска со четири лажички млака вода. Препорачано време на активно дејство е 20-30 минути, односно до потполно сушење на нанесената маса. Маската одстранете ја со млака вода.