Ефекти
Темелно чисти, ревитализира, регенерира и активира забавените и стопираните биолошки процеси. Делува повеќекратно и длабински. Го регулира лачењето на лојните жлезди, спречувајќи го затворањето на порите, создавањето на митесерите и воспалителните процеси. Единствената комбинација на збогатена глина, етерични масла и хидролати од лековити билки повеќекратно ги засилува ефектите на маската, чинејќи ја неспоредливо поделотворна од сличните производи од иста категорија.Исклучителен производ во грижливо дизајнирано фино пакување. Се употребува за комплетна, максимална нега на мрсната кожа.
Користење
Еднаш до два пати седмично, непосредно пред нанесувањето измешајте две лажички маска со четири лажички хидролат, со додавање на неколку капки етерично масло. Препорачано време на активно дејство е 20-30 минути, односно до потполно сушење на нанесената маса. Маската одстранете ја со млака вода.