Ефекти
Сувата кожа на лицето се јавува во случаи кога лојните жлезди не произведуваат доволно себум, мрсна материја која на кожата и ја дава потребната еластичност и влажност. Кожата како последица на тоа станува крта, тенка, испукана и склона кон создавање првут. Комбинацијата од глог, бел слез, коприва, липа, невен и зелена глина ѝ го враќа сјајот и свежиот изглед. Благиот пилинг ќе и го врати на кожата здравиот изглед, а хидратацијата со билни екстракти еластичноста и свежината.
Користење
Еднаш до два пати седмично, непосредно пред нанесувањето измешајте две лажички маска со четири лажички млака вода. Препорачано време на активно дејство е 20-30 минути, односно до потполно сушење на нанесената маса. Маската одстранете ја со млака вода.