Ефекти
Заштитен препарат кој во допир со кожата создава постојан заштитен филм, штитејќи ја од штетни влијанија, сушење и пукање. Благодарение на пчелиниот восок во својот состав, делува како непробојна „ракавица“, така што ја штити кожата од штетното дејство на сончевите зраци, како и од студенило и од претерана влага. Особено се препорачува при извршување на груби работи или при подолг контакт со вода. Погодна за сите типови кожа.