Ефекти
Stopstres е препарат кој е специјално формулиран благовремено, во најраните фази, да помогне во превенцијата на тешките хронични состојби предизвикани од стрес. Содржи билни екстракти од маточина, кантарион и нане. Маточината во билната медицина е позната како билка која делува смирувачки и опуштачки на мускулатурата, но и како билка која делува кај блага несоница. Кантарионот се користи во третманот на депресија, потиштеност, анксиозност и нервна напнатост. Благите антисептички својства на нането на овој производ му даваат дејство на смирување на стомачните проблеми и мачнина.