Ефекти
Препаратот Relaxhem е препарат врз база на билни екстракти од маточина, валеријана и хмељ, кој нуди оптимална комбинација на природни извори во народната медицина познати како средства за смирување. Благото смирувачко дејство на маточината му овозможува на препаратот поволно да делува кај благите несоници. Валеријаната е билка чие седативно својство делува релаксирачки на мускулатурата, ја на-малува вознемиреноста и радразливоста. Горките материи хумулон и лупулон кои потекнуваат од хмељот, како и етеричните масла и танините со кои е богат хмељот, помагаат во лекувањето на несоницата и нарушувањето на сонот, напнатоста и вознемиреноста.
Користење
Возрасни, постари особи и деца преку 12 години, 20 капки 3 пати дневно или 25 капки еднаш дневно, пред спиење. Се пијат со малку вода.